Дете на новинарската школа на МТВ, некогашен новинар и ТВ водител, бездруго впечатлив ТВ лик кој иако со години не е пред камерите, оние што го гледале се’ уште го паметат.
Игор Филевски – Филе или по насловот на последниот и веројатно највпечатлив проект, попознат како „Филе – Топки“ оддамна не е ниту на ТВ, а ниту во Македонија, која пред десеттина години ја напушти барајќи ја среќата и парчето леб, по белиот свет.
Замина, но како и на секој вистински Македонец срцето и душата му останаа во Македонија, која секогаш кога може ја посетува, зашто само едно место на светот се вика – „татковина“… и дом.
Барселона и Аргентина, исто така никогаш не ги напушти… Се разбира само како нивен „најверен“ навивач, на славниот шпански или поточно каталонски клуб и големата јужноамериканска колевка на фудбалот, по кои верувале или бне, им ги даде и имињата на своите деца: ќерката од првиот брак која се вика Аргентина и синчето од вториот, кој го доби името Лео, по фудбалскиот волшебник, Лео Меси.
Неговото последно упориште „ветениот остров“ – Малта, каде Филе последниве години ( од 2015 г.) е стациониран и живее со својата втора сопруга Весна и малиот Лео! Редовен на социјалните мрежи, постојано известува, коментира, дебатира, споделува фотографии, изјави, мисли и цитати, бунтовен и праведен како и секогаш…
Така беше и овој пат, со неговата последна објава на Фејсбук, со која за жал, загрижи многумина, зашто Филе ја споделил од болница. Легнат во болничка постела, со „жици и матракуки“ на себе, оние кои не знаат што му е ги остави во грижи и недоумица без да објасни дали е заради Ковид-19 во болница или е можеби нешто друго во прашање?
Но, дека беше добро ова утро за него – не беше, икао, како што самиот вели – „ќе биде“… Што и да е – ќе помине!
Ама затоа пак онаков како што го дал Бог, екс водителот наместо да го кометира своето здравје и причините зошто е в болница, Филе не пропушти да го искоментира и спореди тамошниот со овдешниот здравствен систем. Компарација на она нивното што е вистинска социјална држава и ова нашево, што е само „бледа имитација на животот“ во сите сегменти, па и во тој.
Фото: Социјални мрежи/Фејсбук принтскрин/Filevski Igor(File X File)