Од 12 до 17 јуни, на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје ќе се одржи 13. издание на фестивалот со улични изведувачи – „Баскерфест 2018“ кој е поддржан од град Скопје. Над 30 улични артисти од разни краеви на светот во театарот под отворено небо шест дена ќе ги забавуваат и анимираат жителите на Скопје.
Оваа година, на програмата на најголемото улично шоу ќе има индиски спектакл, циркус, жонглери, акробати, магионичари, музичари, танчери, како и едукативни работилници за деца, пулт за едукација и помош за бездомните животни и уште многу забавни содржини за сите посетители.