На 27-ми август во организација на Општина Кривогаштани ќе се одржи Фестивал на пиперката. Како што велат организаторите, целта на фестивалот е да се прослави црвеното злато на Кривогаштани преку убава музика, храна, дружење и забава.
Па каде што има добра забава, дружење и храна, таму има и добра и квалитетна македонска музика. Од општината за нашиот музички портал велат дека на ова прво издание на Фестивалот на пиперката ќе настапат голем број на познати македонски музички имиња кои ќе ја забавуваат присутната публика, граѓаните кои живеат во оваа општина како и сите заинтересирани туристи кои сакаат и имаат желба да го посетат овој прв Фестивал на пиперката во Република Македонија.
Листата на изложувачи и останати учесници ќе биде објавена наскоро, кога ќе биде објавена и музичката програма за фестивалот. Покрај промоцијата за локалните производители и агро бизниси, целта на фестивалот е дополнително да се даде поддршка на македонски изведувачи, па организаторите велат – очекувајте одлични имиња од македонската музичка сцена.