Тринаесеттото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржува од 18 до 25 август во Скопје. Комплетната програма на фестивалот ќе биде објавена на денешната прес-конференција, што ќе се одржи на платото пред Младинскиот културен центар.
На прес-конференцијата ќе се обратат Дарко Набаков, извршен директор на фестивалот, Петрула Вељановска, дел од програмскиот тим на „МакеДокс“ и Сара Ферро, координатор на МакеКоПроДокс форумот.
Тринаесеттото издание на „МакеДокс“ е поддржано од Агенција за филм, Креативна Европа – МЕДИА, Националната фондација за демократија од Вашингтон, Институт „Јунус Емре“-Скопје, Амбасадата на Чешка во Скопје, Чешки центар – Софија, Сивус – Групација Арикома и Грчки филмски центар.
Извор:Курир