Радио Милева се гледаме на суд...

Фејсбук „војната“ помеѓу Петар Георгиевски-Камиказа и Никола Наумоски добива судска завршница: „Замислете, оваа амеба ме тужи?!“ (ФОТО)

Фејсбук „војната“ помеѓу Петар Георгиевски-Камиказа и Никола Наумоски добива судска завршница: „Замислете, оваа амеба ме тужи?!“ (ФОТО)

Никола Наумоски, во скопските кругови познат како „дете на шарените“ во служба на „комуњарите“, братучед на Радмила Шеќеринска и екс шеф на кабинетот на бившиот скопски градоначалник Петре Шилегов, по Фејсбук војната со Петар Георгиевски-Камиказа, решил Перо – „Камиказа“, да го тужи на суд!

Имено, откако неколку пати  се избламира на социјалните мрежи, особено кога македонскиот великан Горан Стефановски го нарече  „обичен гастрбајтер“, Наумовски на социјалните мрежи влезе и во отворен конфликт и со Петар Георгиевски попознат како Перо – „Камиказа“, лидер на групата „Меморија“ и независен кандидат за градоначалник на Скопје на последните локални избори.

Овој пат од позиција на „паднат од фотелја“,  Наумоски јавно се потсмеваше на потезите на новата скопска градионачалничка Данела Арсовска, ставајќи го во контекст еден од предлозите на кандидатот за градионачалник Петар Георгиевски – Камиказа, за поставување на јавни тоалети во Градскиот парк и по кејот на Вардар во Скопје, откако забележал дека два т.н,. „Тои фора“ се поставени на влезот во паркот и уште дузина други низ него.

И тоа беше капката што ја „прели чашата“  за  „револверашот на јазик“ Перо – Камиказа да го „распука недоветниот локален лузер“ на последните избори – Никола Наумоски. И тоа онака машки, жестоко возвраќајќи му со зборови по кои многумина останаа зачудени, некои збунети, а некои шокирани… Единствен кој останал „изненаѓен и увреѓен“ беше „малиот Никса“, кој погоден од вербалните рафали на Камиказа преточени во писмено обраќање преку социјалните мрежи, кои наводно му ги „скршиле срцето и душата“.

По ова,  својата „душевна болка“  Наумоски решил „да ја лечи“  на суд!

Имено, Георгиевски споделил нов статус на својот Фејсбук во кој обзнанил дека Наумовски го тужи, па објавувајќи уште една сатирично-хумористична небулоза во која тема на „ругање“ како што вели Камиказа, е македонскиот музички ангел Тоше Проески,  на „оштетениот“ му порачал:

„После ‘ругањето’ со Тоше Проевски (Ангелот македонски) (сатира) си играат мајтап со Никса, но по Горан Стефановски (македонскиот Шекспир) дојдов јас на ред. Од кога ми посака среќна смрт, следеше мој одговор на сељоберот монокотиледнски, и замислете оваа амеба ме тужи?! Гореспоменативе неможат да ти одговорат, сем со своите дела, но јас сум жив и здрав и се гледаме на суд по твое барање и тужба…Еве една небулоза од Никола Наумовски-Никса…“ – споделил Петар Георгиевски-Камиказа, одново посочувајќи го споменатиот „хумор и стира“ на сметка на човекот што во македонската музичка историја ќе остане „икона и лектира“ – единствениот Тоше!

Бившиот градски, кабинетски чиновник се обидел да се правда со сопствен статус на својот Фејсбук, во кој Наумоски тврди дека некој хуморот го сфаќа сериозно, одново земајќи го Камиказа како „лош пример“ за сопствен потсмев.

Како и да е, едно е сигурно… Фејсбук преписката која се распламте како „оган под ѕвездите“, па прерасна во своевидна интернет војна помеѓу двајцата, дефинитивно ќе добие судска завршница! Барем така се наговестува, освен ако во меѓувреме не се случи  да се склучи „примирје“… со медијација! Во спротивно, некој „ќе плати“ за „долгиот јазик“ и јавно искажаните „грешни мисли“!

Фото: Фејсбук принтскрин/Nikola Naumoski/Petar Georgievski – Kamikaza

To top