Радио Милева

Фазилет во серијата е сиромашна, но во приватноста е милионерка

Фазилет во серијата е сиромашна, но во приватноста е милионерка

Турската актерка Назан Кесал или попозната како Фазилет од серијата „Ќерките на Фазилет“ во својата богата актерска кариера има играно во  околу 20-тина серии и исто толку театарски и филмски улоги.

На своја 50 годишна возраст таа е една од најбараните актерки во Турција, а по завршувањето на снимањето на серијата „Ќерките на Фазилет“, таа моментално работи на нова серија насловена „Halka“.

фото:инсатграм/назанкесал

Во едно од воите магазински интервјуа, таа проговори дека во секоја една мајка се крие по една Фазилет, иако тоа веројатно нема да им се допадне на многумина од гледачите, бидејќи во серијата таа има болни амбиции за да се извлече од сиромаштијата и да ги направи своите ќерки богати госпоѓи.

фото:инсатграм/назанкесал

Во серијата Фазилет е сиромашна, но во реалноста богатството на Назан се проценува околу милион ипол долари на годишно ниво.

Со оглед на тоа дека има многу богата кариера, парите во приватноста не се некој голем проблем за неа.

Како што пишувавме неодамна, Назан е во брак од 2004 година со Еркан Кесал и имаат еден син.

To top