Радио Милева

Фаворитот победи: Данкан Лоренс и ја донесе петтата победа на Холандија!

Фаворитот победи: Данкан Лоренс и ја донесе петтата победа на Холандија!

Заврши големиот европски музички спектакл Евровизија, која го има својот 64-ти победник!

Данкан Лоренс, претставникот на Холандија, кој важеше за фаворит според обожувалниците, прегледите на Јутјуб и коментарите, и со вкупно 492 поени, од жирито и од публиката е победник на „Евровизија 2019“, а ова е петта победа на Холандија.

Уште една победа им донесе емотивната „Arcade“, а по 44 години повторно да бидат домаќини на следната Евровизија!

 Ова е голем момент, бидејќи за мене секогаш музиката е на прво место во животот – изјави Данкан по прогласувањето на победата.

Италија според бројот на гласовите е втора, а трета е Русија. Нашата евровизиска претставичка Тамара Тодевска, која сите Македонци ги направи горди, се пласираше на осмото место, односно го направи најдобариот пласман на нашата земја досега.

На финалето, кое се проценува дека  го гледаа 200 милиони луѓе, настапи поп кралицата Мадона, но настапот беше оценет како срамен и разочарувачки.

Таа ги изведе класикот „Како молитва“, во чест на 30-годишнината од излегувањето на истоимениот албум и новиот сингл „Иднина“ со американскиот рапер Кваво, во придружба на 35-член хор.

Исто така, на сцената се појавија и неколкумина победници од изминатите години, кои пееја победнички песни.

To top