Бразилската манекенка Адријана Лима е фатена како ужива на Миконос со нејзиното ново момче.
Фотографиите покажуваат дека меѓу Адријана Лима и познатиот маж има нешто повеќе од пријателство,а станува збор за турскиот бизнисмен Емир Ујар.
Ујар чие богатство се проценува на 250 милиони долари често е виден во друштво на згодни жени.
Емир е роден 1982 година. Тој е потпретседател на компанијата “Permak Holdings Permak” . Се образувал во Германија, а на факултетот во Калифорнија завршил мастер студии по економија.
За потсетување, Лима претходно беше во врска со турскиот писател Метин Хара.