Победничката на „Задруга“, Киа Коцкар утринава слета на белградскиот аеродром каде што ја пречека едно момче.
Киа допатува од Подгорица каде што беше на краток одмор, а папараците на порталот „Телеграф“ ја фотографираа пејачката.
Пред аеродромот се паркирал црн автомобил од кој излегол Стефан Кариќ, момчето за кое се вели дека е новата љубов на Киа.
Стефан набразина излегол од автомобилот, го земал куферот на Киа, а потоа погледнал дали некој ги следи.
Дали, тој е новата љубов на Коцкар не знаеме, но српските медиуми често пишуваат ја поврзуваат Киа со Стефан.
За потсетување, Коцкар победи во реалното шоу „Задруга“, каде што и беше нејзиниот бивши сопруг Слоба Радовановиќ.
фото: телеграф