По тешкиот период кој го помина претходниот период со се уште законскиот сопруг Лука Лазукиќ, Наташа Беквалец се посвети на семејството.
Таа неодамна почна со настапите, па викендов настапуваше во Црна Гора. По настапите таа останала неколку дена за да се одмори на Jадранот. Но, поради намалениот имунитет пејачката завршила во болница, пренесуваат срспките медиуми.
„Во последно време јаде многу малку. Претходните недели имаше многу стрес и никако да се врати на нормална исхрана. Последните неколку дена беше многу активна, патуваше во Црна Гора и имаше два настапи. Публиката одлично ја пречека и направи спектакл. Сепак, во недела и се слоши и мораше да посети доктор. По прегледот примаше инфузија. За да не и пропадне денот, таа отиде на плажа, но одмараше под сенка и јадеше салати, вели извор близок на пејачката и додава:
„Сите знаеме низ што помина Наташа последните неколку месеци. Поради тоа малку јадеше и тоа е причината за нејзиното слабеење за толку краток период,вели изворот.
Наташа кратко се одморила во Црна Гора, па се вратила во Белград каде ја чекале нејзините ќерки Хана и Катја.
фото: рассрбија