Пејачката Гвен Стефани заедно со сопругот се појави на доделување на „Греми наградите“, а во беж комбинацијата изгледаше беспрекорно.
Меѓутоа, нејзините фанови забележаа огромна промена на нејзиното лице.
Имено, Гвен вниманието го привлече со својот свеж изглед без брчки на своето лице. Па така, веднаш започнаа шпекулации дека наводно пејачката се почесто оди на естетски корекции за да изгледа помладо бидејќи на нејзините години многу е тешко да постигне таков сјај благодарение на козметиката.
На социјалните мрежи се појавија негативни коментари.
„Оф Господе, што направи Гвен на своето лице?“, „Хеј Гвен, престани со пластични операции на твоето лице“, „Почнуваш да изгледаш како лажна Мадона“, „Лицето на Гвен 99% се состои од филери и 1% кожа“, „Гвен, што направи на лицето?Срамота“, се само некои од коментарите.
Ова не е првпат фановите да ја бомбардираа со негативни коментари поради корекциите кои наводно ги направила на лице. Во април претходната година ја коментираа како ги зголемила усните.
Гвен досега не ги коментираше овие пишувања.