Уште една брилијантна холивудска кариера се чини дека е при крај, а милиони фанови ширум светот се разочарани од оваа вест.
Имено, Бред Пит во големото интервју за странските медиуми најави дека филмот „Bullet Train“ каде тој ја толкува главната улога веројатно би можел да биде неговиот последен голем проект во кариерата.
Како што вели, станал многу пребирлив кога се во прашање понудите, а тоа што во моментов му се нуди не ги задоволува неговите критериуми.
Мислам дека сум во последниот семестар “, открил Пит.
Во филмот „Bullet Train“, Пит глуми убиец кој штотуку се опоравил и се враќа на својата работа со малку погрешно чувство на самодоверба во однос на работната способност.
-Знаеш, правиш еден месец терапија, доживуваш просветлување и мислиш дека сè си разбрал, дека никогаш повеќе нема да се изгубиш, но не е баш така – накратко рекол Пит.
Фото: Принтскрин/Профимедиа/Јутјуб