Во 2020- та година со 20та епизода заврши 5-тата сезона на серијата Преспав која ја освои македонската публика.
Освен добро познатата екипа на актери, во петтата сезона на „Преспав“, имавме прилика да погледнеме 20 незаборавни епизоди во кои исто така имавме прилика и да видиме нови актери, како што се стилистката Натали, актерот Владо Јовановски, а во актерска улога се проба и Сара Мејс, меѓу сите нив се најде и манекенката Катарина Ивановска. Исто така доста впечатлива беше и улогата на актерката Драгана Левенска во епизодата „Отворен брак“.
Преспавци на крајот од последната 20-та епизода од петтата сезона имаа незгода, односно пансионот се запали.
Фановите на социјалните мрежи прашуваат дали ќе има шеста сезона на серијата, а сега и добија одговор.
Имено, на официјалниот „Инстаграм профил“ тие објавија видео од неколку одговори, а кога ќе направите принтскрин, добивате одговор кога ќе има шеста сезона.
Па така, како одговор може да ви се падне „Понеделник“, „Одма“, „Ќе биде“, „Да, „Веднаш“, „Здравје“.
Инаку, Тијана Дапчевиќ која ја игра улога на Германката Ула во „Преспав“, во една прилика откри дека од септември ќе започне снимањето на серијата.
За потсетување, првата сеозна на „Преспав“ започна да се прикажува во месец октомври 2016 година.
фото: инстагран/пансион преспав