Неприкосновениот фронтмен на групата „Квин“, рок легендата Фреди Меркјури ќе „оживее“ преку видео снимка и холограм од кој милионските фанови ќе имаат прилика да го видат.
Ферди Меркјури почина во 1991 година од пневмонија како последица на СИДА, а членовите на бендот, без басисот Џон Дикон продолжија да настапуваат со променета постава до ден денес.
Нивната последна и најнова турнеја заврши во ноември 2023 година на територијата на Америка, а на местото на Фреди на сцена пееше Адам Ламберт.
View this post on Instagram
Компанијата која управува со базниот воз на Меркури поднесе барање за заштита на своето име во 3D и виртуелна реалност.
View this post on Instagram
Овие правни документи укажуваат дека името е регистрирано за „импресивни 3D виртуелни, зголемени и мешани искуства во реалноста“ и „виртуелни средини“, вклучувајќи видео игри.Дополнително, живите членови на Queen и наследниците на Фреди се во финални преговори за продажба на снимките и правата за објавување.
Се очекува продажбата да донесе двојно повеќе пари од актуелниот рекорд поставен од Брус Спрингстин, кој ги продаде правата на неговата музика за 550 милиони долари во 2021 година, според информациите објавени во „Дејли Мејл“.
фото:Instagram printscreen/ freddiemercury/ queenadamlambert