Познатата руска манекенка Ирина Шајк овие денови не ја гледаме на папарацо фотографии од Њујорк или дека се шета со нејзината ќерка затоа што ужива на одмор во Европа.
Откако одмараше во Грција и Италија, Ирина замина во Шпанија, а моментално одмара на Ибица со познатиот дизајнер и нејзиниот најдобар пријател Рикардо Тишиј.
Токму таму и настанаа најновите фотографии од манекенката која позира во црно бикини, па ги покажа и своите несоврешности.
На социјалните мрежи се појавија еден куп негативни коментари на изгледот на моделот.
„Изгледа како мојата тетка. Толку пари и тренинзи за ваков целулит на задникот. И немојте да кажете дека е до годините, затоа што јас сум постара три години и немамв ваков целулит. Очигледно јаде нездрава храна и не оди во теретана“, е еден од коментарите на Твитер.
фото: профимедиа