Сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ на социјалните мрежи објави видео кое ги изненади сите.
Имено, многумина тоа видео го оценија како дезинформација и ширење на теории на заговор.
На снимката, американскиот доктор го објаснува своето видување за короната, а Јелена ги покани своие следбеници да го кажат своето мислење за теоријата.
„Овие денови кружат разни заговори за причината за појава на корона, методите на лекување, превенции…Еве едно кое го добив пред некој ден…Кој има време нека го гледа, баш ме интеренсира што мислите. Пишете“, напиша Јелена во описот на објавата.
View this post on Instagram
Додека едни мислат дека оваа теорија нема смисла, други тврдат дека е ова е теорија на заговор.
„Госпоѓа Ѓоковиќ, многу е неодговорно некој како вас кој има образование, да шири теории на заговор пред милионски аудториум. Наведените информации немаат докази и ги наведувате луѓето кои не разбираат физика да претпоставуваат. Се надевам дека следниот пат ќе истражите малку повеќе пред да направите ваков потег“ стои во коментарот под објавата“, а друг следбеник се надоврзува.
„Ми ја зедовте мислата. Наместо да се фокусираме на енергијата да се избориме со овој вирус. Навистина е неодговорно да ширите вакви дезинформации. Јас сум епидемиолог и се согласувам дека 5G мрежата и останатите зрачења може да го зголемат ризикот од канцер, но дека инфекцијата е поврзана со тоа, нема е точно и нема никаков доказ“.
„Тоа е доктор Томас Каун на кој во Америка му е одземена дозволата за работа поради непрофесионално однесување“ објаснува една Американка.