Американската пејачка Мадона потполно се посвети на завршување на новиот албум „Madame X“, па поголемиот дел од времето го поминува во студио.
Иако е зафатена со работа, 62 годишната пејачката своите кратки паузи ги користи за да се пофали со своите нови провокативни фотографии.
Така, на неколку гламурозни видеа позира во виолетов „Гучи“ комплет и мрежасти чорапи, а со ова издание го подели мислењето на нејзините фанови.
View this post on Instagram
Додека некои ја пофалија, други ја критикуваа.
„Дефинитивно претера со филерите и ботокосот,почна да личи на жена мачка или уште подобро кажано – вонземјанин. Таа е апсолутна кралица на трансформацијата со децении, но ова нема никаква врска со шминката и модата, ова е доказ дека нејзините пластични операции навистина не успеале – се пожалија разочараните обожаватели.
„Ти засекогаш ќе си кралица, но навистина личиш на вонземјанин“, е еден од коментарите.
Мадона никогаш не ги коментираше написите дека била под нож, но затоа се пофали со новата тетоважа.