Актерката Селма Хаек со својот изглед воодушевува и во шестата деценија од животот. Холивудската ѕвезда објави фотографија на која позира покрај палма, а во прв план е нејзиното лице.
„Ветер, воздух“, напиша актерката како објаснување на фотографијата.
Под фотографијата се нижеа многу коментари, а фановите и порачаа дека изгледа фантастично.
Меѓутоа, еден фан мисли дека Хаек користи премногу ботокос.
„Премногу ботокс, не е потребно Селма“ напиша еден обожавател.
Хаек на културен начин му одговори:
„Немам ботокс, но ти благодарам на советот бидејќи почнав да размислувам дека е време за тоа“ одговори актерката.