Синди е голем обожавател на серијата „Самрак“ па сака да се венчаат во шума како што е во серијата.
Тие се заедно неколку месеци, а беа фатени како се релаксираат во Ница, каде заедно поминаа неколку дена.Досега никој од нив не говореше за нивнаата љубовни врска.
„Луис е мој пријател, долго време го познавам, тоа е сè што можам да кажам“, рече Синди. „Имам големи очекувања и високи стандарди ког се во прашање моите момчиња, не можам туку така само да сакам некого“ – додаде таа. „Мојата венчавка ќе биде во шумата, исто како и свадбата во серијата Самрак“ – вели убавицата.
Неодамна се слушнаа гласини дека Хамилтон е повторно со пејачката Никол Шерцингер, иако полни две години таа е во врска со бугарскиот тенисер Григор Димитров.
Пред осум години, Никол и Луис беа заедно, седум пати раскинуваа и се смируваа, пред конечно да стават крај на нивната врска. Ќе биде ли поинаку со Синди?