Харизматичниот Италијанец, Дамиано Давид, кој победи на Евровизија со својата група „Манескин“, го привлече вниманието на широката публика не само со својот секси изглед, туку и со возраста.
Имено, тој е многу млад, има само 22 години и плени со својата неверојатна харизма, на која не можеа да одолеат огромна армија жени во светот. По скандалот со наркотиците и победата на Евровизија, тој ги полни насловниците на весниците и Интернет страниците, па така малку по малку секојдневно се појавува нешто ново за него и неговиот приватен живот.
Своите експлицитни и провокативни фотографии пејачот често ги објавува на Инстаграм, а сега осамна една која очигледно е подамнешна, на која тој е целосно гол, само со женска чанта преку половиот орган.
Фото: Инстаграм принтскрин/ykaaar