Радио Милева Господи слушни ги и прими ги моите молитви

Евровизиската победничка Руслана се огласи рано утрово: Низ песна и молитва имаше што да му порача на својот народ молејќи се на колена (ВИДЕО)

Евровизиската победничка Руслана се огласи рано утрово: Низ песна и молитва имаше што да му порача на својот народ молејќи се на колена (ВИДЕО)

Украинската пејачка и победничка на Евровизија во 2004-та година Руслана речиси нема европеец кој не ја познава и е се сеќава на неа дваесетина години по нејзината победа.

Таа од рано утрово се сочувствува со својот народ, а разбудена од сирените низ цела Украина се огласи на својот Инстаграм профил повикувајќи го народот да собере сили и да сфати дека војната е започната.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ruslana (@ruslana.lyzhychko)

„Дојде утрото (треба да собереме сили и да сфатиме дека војната против Украина започна.

Сигурно знам дека светот ќе застане обединет за Украина. Работевме многу години за да обезбедиме современиот свет да ја избере Украина како земја која со векови страда од рускиот режим. Светот нè чувствува и ќе ни помогне.

Сите ќе дејствуваат за да се запре војната.

Сега најважно е да се знаат јасните дејствија на територијалната локална одбрана!

Сега собирам информации – како да постапите и ќе ги објавам овде!

Пријатели, пишете приватно или овде!

Потребни се веродостојни информации!

Ова е драгоцено време бидејќи постои начин каде може да се објави сето тоа !

Кога беа најопасните акции за време на Мајдан, единственото нешто што ни помогна да се спасиме беше координираната акција, јасна поделба на одговорностите и што е најважно, преземање информации од официјални извори или очевидци.

Главната работа е внатрешен мир без емоции и паника.

Слава на Украина!

Господи, слушни ги и прими ги моите молитви за Украина, мир и спокојство 🙏

# Украина # Украина # Бог да ја спаси Украина“, стои во нејзиниот пост на Инстаграм

Таа на објавената фотографија се моли, а на главата има и качулка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ruslana (@ruslana.lyzhychko)

To top