Меган Маркл и принцот Хари донесоа одлука да се повлечат од кралските должности и да бидат финасиски независни.
По тој повод, вчера во Велика Британија беше одржан “кризен состанок“ на кој се одлучуваше за судбината на прицот Хари и неговата сопруга.
Како што пренесоа британските медиуми, кралицата Елизабета ја поддржала одлуката на војводата и војвотката.
Меѓутоа, Маркл не присуствуваше на кралскиот состанок, а во медиумите се појавија разни приказни.
Токму поради тоа се огласи и Меган и откри зошто не присуствувала на кралскиот состанок.
Имено, потпаролот на Кенсингтонската палата изјави дека Меган не и било забрането да присуствува на состанокот туку дека Меган и Хари одлучиле дека нема потреба од нејзиното присуство.