Фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ вчера (24.11.2021) не се појави на комеморацијата на Марина Туцаковиќ.
Имено, на собирот присуствуваа бројни јавни личности меѓу кои Јелена Карлеуша, Драгана Мирковиќ, Ана Николиќ, Дара Бубамара, Ана Бекута која и одржа говор.
Иако многумина очекуваа дека на комеморацијата ќе се појави и Цеца Ражнатовиќ која беше блиска пријателка и соработничка на текстописецот, таа не се појави.
Како што пишува блиц.рс причината поради која одлучила да не се појави на настанот во чест на Марина е поради непријатноста која се случи на погребот кога Лача Радуловиќ ги замолил Цеца, Милан Калениќ и Саша Матиќ да не се приближуваат до гробот.
Цеца од Марина се опрости на погребот кој се одржа на 29 септември. Иако сопругот на Марина, Фута ја поканил на комеморацијата пејачката не се појави бидејќи не сакала да се најде во непријатна ситуација поради синот Лача.
За потсетување, Марина почина на 19 септември по борбата со опасната болест.
фото: антониа ахел/ата имагес/стефан стојановиќ/република.рс