Фудбалерот на Андрелехт, Огњен Врањеш уапсен е на аеродормот во Шарола, бидејќи немал важечка дозвола за престој во Белгија.
На контрола на пасошите утврдено е дека визата за престој му истекла, па забранет му е влез во земјата. Клубот имал обврска да ја среди документацијата за неговиот престој, но тоа не го направиле. Врањеш не знаел дека визата не му регулирана, па доживеал голема непријатност. Кога ги предал документите, речено му е дека мора да оди на сослушување.
Така фубалерот од БиХ ноќта морал да ја помине во затворен центар.
Запрената личност тврдила дека е играч на Андерлехт, но немала доказ за тоа – навел службеникот во записникот.
Врањеш морал да има дозвола за престој, која ја поседувал на основа на договорот со Андерлехт, но таа е запрена минатиот месец.
Пошто БиХ припаѓа во ЕУ, Врањеш во себе морал да има валидна виза или документи за престој во Белгија. Тој таква дозвола поседува поради договорот со ФК
Андерлехт, но од изминатиот месец таа е истечена.
Како што пишуваат медиумите проблемот настанал кога сопственикот на станот во кој претходно престојувал од за сега непознати причини отишол во општина и побарал на Врањеш да му биде откажана дозволата за престој.
Пред неколку месеци Андерлехт го откажал тој стан во кој што живеел фудбалерот и тоа во самиот ек на скандалот со Карлеуша кој што излезе во јавноста. После тоа сопственникот на станот го откажал престојот на Врањеш и затоа на фудбалерот не му беше дозволено да влезе во земјата.
Инаку, Врањеш за време на целата негова кариера го пратат сериозни скандали, за што и сега во Андерлет го допре самото дно. Исфрлен е дури и од резервниот тим, во кој што беше за време на скандалот со Карлеуша.