Иако многу од естрадните уметници во соседна Србија беа уплашени дека нема да започнат да настапуваат, сепак испадна дека не е така.
Некои од нив веќе ги имаа и своите први настапи во Србија, а некои од нив се сетија како да ја искористат моменталната состојба, па ја зголемија цената на своите настапи.
Како пишува ало.рс, по пандемијата некои пејачи своите настапи ги наплаќаат за 1500 евра повеќе.
„Неколку познати пејачи ја зголемија цената на настапите за 500, па дури 1500 евра повеќе затоа што првите настапи беа многу посетени. Тука спаѓаат младите пејачи кои на сцената се само неколку години, а она што е загрижувачко е тоа што нивните менаџери ги подржуваат во тоа наместо да им објаснат дека не функционират така работите“ вели извор кој е запознаен со ситуацијата.
„Иако некои успеајаа да ја зголемат цената, тоа нема да трае долго. Тие можеби ги наполнија кафаните, но сопствениците на клубовите нема да дозволат такво нешто. Некои пејачи како што се Саша Ковачевиќ, Наташа Беквалац, Александра Пријовиќ, Шако Полумента земаат големи хонорари, па сега не им паѓа на памет да ги зголемат. Замислете и големите ѕвезди да ја зголемуваат цената, на што ќе личи? Токму оние кои најлошо работат одлучија да заработат на грбот на народот“ вели соговорникот за ало.рс, а со него се согласува и естрадниот менаџер Горан Лечиќ.
„Може да кажам за пејачите со кои соработувам, Радиша Трајковиќ Џани, Дара Бубамара, Вук Моб, нивната цена остана иста. Сега ситуацијата е таква што сите сакаат да одат во провод, но никој не може да гарантира дека за 3 месеци ќе се задржи интересот на публиката. Сигурен сум дека следниот месец одлично ќе работиме, но тоа не е доволно за да на пејачите им се зголеми цената“ вели Лечиќ кој не ги подржува пејачите кои се фалат со својот нов хонорар.
„Неблагодарно е да се фалат со новите хонорари до кои дојдоа затоа што народот беше предолго време затворен. Пејачите треба да ја зголемат цената ако нон стоп ги полнат клубовите и прват добра атмосфера. Во секој друг случај, не е оправдано зголемувањето на цената. Кој и да се фали дека по короната чини 1000 или 1500 евра повеќе, мора да знае дека со тоа не ја зголемува цената на себе и дека не е за пофалба да се фалат со цифри до кои дошле благодарние на короната“, вели менаџерот за ало.рс