Во величествената населба, покрај дипломатите, живее и најголемата регионална музичка ѕвезда Здравко Чолиќ. Во мирниот дел на белградската населба Кошутњак, тој свил гнездо со својата сопруга Александра и ќерките Уна Звездана и помладата Лара. Оние кои не го познаваат одблизу, на прв поглед сеизненадени. Здравко живее како сиот нормален свет!
Вилата на Чола е опкружена со зеленило. Пред неа има голема градина, две порти и високи мерки на безбедност.
До куќата тешко се стигнува, бидејќи на влезот во населбата стои рампа и низ неа со автомобил може да се помине само ако сте станар во тој дел, бидејќи таму живеат воглавно странските дипломати.
„Прв пат кога го видов, не можев да поверувам.Неговите деца и моите деца заедно си играа на игралиштето. Еден човек се сврте кон мене, кога тоа беше Чола. Тој убаво се насмевна, културно ми се обрати и секогаш е фин и учтив кога повторно ќе се сретнеме игралиштето. Во суштина, сега доаѓа на игралиштето со својата помлада ќерка Лара. Постарата порасна, исто како и мојата. Човекот е народен, мажиште, можам да кажам сè најдобро за него“ – открива за српски Блиц неговата соседка Сања.
Фото: Душан Миленковиќ