Радио Милева

Еве што вели Милица Тодоровиќ за раскинувањето со Петар Стругар

Еве што вели Милица Тодоровиќ за раскинувањето со Петар Стругар

Српските медиуми неодамна пишуваа дека Милица Тодоровиќ раскинала со Петар Стругар со кој беше во врска неколку месеци.

Пејачката не сакаше да се огласува по тој повод, а деновите во изолација ги поминува заедно со семејството во родниот Крушевац и како што истакнува нема намера да се врати наскоро во Белград.

На прашањето која е причина поради која ставила крај на врската со Стругар, таа вели:

„Тоа е тема за која не сакам да зборувам, сепак има поважни работи“, вели Тодоровиќ.

фото: принтскрин

Таа вели дека од почетокот на вонредната состојба е во родниот град и времето го поминува со своето семејство.

„Ситуацијата е сериозна, но ни овозможува да поминуваме повеќе време со своите, да се посветиме на себе и на сите работи кои сме ги запоставувале досега. Што се однесува до мене и моето семејство, ние секој ден го исполнуваме со нешто занимливо, играме асоции, пантонима, медитираме, уживаме во времето кое го поминува заедно, баш онака кога бев мала“ вели Тодоровиќ.

За потсетување, Милица пред да биде со Петар Стругар беше во шест година врска со Милош Пауновиќ.

To top