Сека Алексиќ и нејзиниот сопруг Вељко го очекуваат нивното второ дете.
Неодамна, пејачката откри дека повторно очекува момче, а одлучи синот да се вика синот Исак.
Пејачката откри дека нејзиниот син Јаков се радува што наскоро ќе добие братче.

„Тој многу се радува. Често го бакнува мојот стомак. Со нетрпение го очекува братот“ вели Сека за „Хело“ и додава:
„Јас сум активна трудница и мислам дека бременоста не е болест. Доколку жените нема компликации, треба нормално да живее. Најубаво се чувствувам кога нешто правам. Единствено нешто што престанав да правам е да не тренирам“ откри пејачката која пред бремноста беше активна во теретана.

Инаку, Сека и Вељко деновиве прославија 9 години брак и 10 годни љубов, а по тој повод таа на социјалните мржеи објави фотографија од венчавката, а во описот на истата напиша:
„Мажот и жената треба да бидат како раце и очи. Кога раката боли, очите плачат. Денес ни е 9 години брак и 10 години љубов. Во животот тешко е да се најде сродна душа, но кога ќе ја најдеш ја имаш за цел живот. Фала му на Бог што те имам, на нашите дечиња и љубовта која ми ја даваш“ напиша Алексиќ.
