Радио Милева

Еве што мисли Јелена Томашевиќ за жешките сцени на нејзиниот сопруг, актерот Иван Босиљчиќ

Еве што мисли Јелена Томашевиќ за жешките сцени на нејзиниот сопруг, актерот Иван Босиљчиќ

Популарниот актер Иван Босиљчиќ и неговата сопруга, пејачката Јелена Томашевиќ , вчера ја прославија својата осма годишнина од бракот.

Актерот ги сподели фотографиите на социјалните мрежи, а многу јавни личности, меѓу кои Емина Јаховиќ и Гоца Тржан, ја поддржаа нивната љубов и им честитаа.

фото:инстаграм/јелена томашевиќ

Иван е инаку познат како еден од главните шармерина српската актерска сцена, а дека се хармонична двојка со неговата сопруга Јелена Томашевиќ, потврдува тоа што во една прилика таа откри дека добронамерно гледа на жешките сцени на нејзиниот сопруг, кој поради природата на својата работа, често ги има на снимања и истакнува дека ја прифатила неговата работа со сите свои доблести и недостатоци од моментот кога започнале да се гледаат.

– Тоа е негова работа и јас ја прифатив од почеток. Исто како што имам безрезервна поддршка за својата работа најдобро што можа, и тој ја има мојата – еднаш изјави Јелена за локалните медиуми.

фото:инстаграм/јелена томашевиќ

Оние што ги познаваат приватно или имаа можност да ги запознаат на улица, изјавуваат дека Иван и Јелена се многу „спуштени на земја“ и воопшто не делуваат како ѕвезди. Тие се горди родители на ќерката Нина.

To top