Дали сте слушнале за „Only fans“ страниците? Тоа е платформа која постои од 20216штата година, но никогаш не била толку популарна колку што стана во последно време, особено по појавата на корона пандемијата и затворањето на светот дома.
Првично замислена како место на кое за одредена месечна претплата, обожавателите ќе можат да ги гледаат ексклузивните содржини на своите омилени личности, тоа сега и не е баш така. Нејзината примарна функција сега е малку поинаква. „Only fans“ стана место на кое најчесто познатите личности и инфлуенсерите покажуваат малку повеќе… Но не од животот, туку од телото. Најмногу – својата интима!
На оваа навидум обична платформа тие создаваат и продаваат сопстевни содржини, кои публиката може да ги види само со плаќање на одредена претплата. Сајтот станува извор на основни или екстра приходи за голем број работнички од секс индустријата и на него нема филтрирани фотографии од зајдисонце, туку најчесто многу „посочна“ содржина.
Оттаму само по себе се наметнува прашањето: Дали „Only fans“ е место за еден вид легална проституција?
Магазинот „од зад сцената“ реши да ја истражи оваа тема кај нас и даго слушне мислењето на македонските јавни личности. Што забележа камерата на најгледаниот ТВ магазин „Бекстејџ“ и какво е нивното мислење, погледнете во видото во продолжение: