Радио Милева Убави спомени

Еве што има да каже екс- свршеникот на Џенифер Лопез, Алекс Родригез, откако таа се омажи за Бен Афлек

Еве што има да каже екс- свршеникот на Џенифер Лопез, Алекс Родригез, откако таа се омажи за Бен Афлек

Поранешниот бејсбол играч Алекс Родригез и екс- свршеникот на пејачката и актерка Џенифер Лопез, за првпат проговори јавно за нивната врска откако таа неодамна му кажа „да“ на актерот и колега Бен Афлек со кого и претходно беа двојка.

Тие двајца не се венчаа, бидејќи Џенифер сфатила дека сè уште го сака Афлек, со кој беше многу порано. Во раните 2000-ти, тие двајца беа еден од најпознатите парови на светската сцена.

„Прво, би сакал да кажам дека мило ми е што никогаш нема да бидам претседателски кандидат затоа што ќе ме убиете со прашања“, се пошегувал Родригез, а потоа продолжил:

„Тоа беше убаво искуство, но не траеше. Како и да е, на нејзините деца им посакувам се најдобро, сепак се грижам за нив“, му открил Алекс на ТВ водителот Крис Валас, пишува „PageSix“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Алекс и Џенифер двапати ја откажаа својата венчавка поради пандемијата, првата беше планирана за 2020 година. Дополнително, се шпекулираше дека ја изневерил со ријалити ѕвездата Медисон Лекрој.

фото: Instagram printskrin

To top