Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ вчера (21.06.2020) прославија две години од бракот.
По тој повод мајката на Филип, мајката на Александра, но и Лепа Брена се огласија на социјалните мрежи јавно честитајќи им ја годишнината.
Александра и Филип овој ден го одбележаа на свој начин, а Живојиновиќ на својата сопруг и подари букет од цвеќе.
Таа со букетот во раце позираше во краток тексас фустан и високи чизми.
Потсетуваме, парот минатата година во март го доби синот Александар, а оваа година поради пандемијата не можеа да направат забава по повод првиот роденден.