Албумите на Џенифер Лопез се продаваат во милионски тираж, а концерти одржува низ целиот свет, но веројатно никогаш полсено не заработила три милиони долари како сега.
Имено, за своето појавување на Доха фестивал сити мол, добила три милиони долари, два милиони чиста заработка и милион за покривање на трошоците за патувањето.
Се што требало да направи за тој износ е 20 минути да одговара на прашања за себе.
Како што пишува америкаснкиот ТМЗ, Џенифер стигнала во Катар, а пота со обожавателите разговарала за женските права, малку се фотографирала и повторно назад во САД.
И тоа не е се, следната недела Катар Airways ќе и плати 1,2 милиони за појавување на нивната забава во Лос Анџелес и тука од неа се бара да присуствува само 20 минути.