Од саботата главна тема во сите медиуми е физичкиот напад на Лука Лазукиќ врз неговата сопруга, пејачката Наташа Беквалац.
Според пишувњата на медиумите, Лука пристигнал дома во алкохолизирна состојба, а кавгата започнала кога Наташа ги прочитала неговите љубовни пораки.

– Таа вечер, Наташа во неговиот телефон пронајде пораки од позната диџејка од Белград, со која Лука бил во врска пред Наташа. Сакаше Лука да и објасни зошто се допишувал со неа. Почнаа да се карат и тогаш Лука крена рака на неа, вели извор за „Блиц“.
А Лазукиќ неколку пати во медиумите демантираше дека физички ја нападнал сопругата, дури истакна дека повредите на Наташа се или од антицелулитна масажа или сама се повредила.