Радио Милева

Еве под кој реден број ќе настапува Васил Гарванлиев на „Евровизија 2020“

Еве под кој реден број ќе настапува Васил Гарванлиев на „Евровизија 2020“

Годинешното издание на Евровизија 2020 ќе се одржи во Ротердам, Холандија.

Многу држави и оваа година ќе се трудат да го освојат првото место или пак да ја претстават својата земја во најдобро светло.

МРТ го избра Васил Гарванлиев за наш преставник, а во мај тој ќе претставува Македонија на „Евровизија 2020“.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/mrtv-go-izbra-godinava-da-ne-pretstavuva-na-evrovizija-a-toj-vo-svoeto-prvo-obrakjanje-ne-spomna-ni-m-od-makedonija-znaesh-li-za-kogo-kje-peesh-vasile/

Песната, со која ќе настапи струмичанецот, како ни нејзиниот композитор или авторски тим се’ уште не се избрани.

Васил во следниот период ќе работи на композицијата и на неговиот целокупен настап.

Меѓутоа, деновиве се бираше редоследот на претставниците, односно под кој реден број ќе пеат и во која полуфинална вечер.

Васил ќе настапува под реден број 1 во Првата полуфинална вечер. Како Гарвналиев ќе не претстави и дали бројот 1 ќе ни донесе среќа, па можеби оваа година ќе завршиме на прво место, ќе дознаеме за неколку месеци.

фото: принтскрин/инстаграм
фото: принтскрин/инстаграм

За потсетување, минатата година Васил беше придружен вокал на Тамара Тодевска на песната „Proud“ со која не претстави на Евровизија 2019.

Тамара го освои првото место од жирито и седмото место од публиката, а со тоа постави високи стандарди и висока задача на следните македонски претставници, па дали Гарванлиев ќе ги исполни тие стандарди, останува да видиме.

To top