Еден од најмоќните луѓе на естрадата и воопшто во бизнисот е дефинитивно Саша Поповиќ.
Најголемота продукција на Балканот, „Гранд“, во последните пет години, забележа зголемување на заработката измерена во милиони евра, а ко-сопственик на Гранд, Саша Поповиќ, официјално стана пензионер на 1 ноември.
Поповиќ не се двоуми да ги потроши своите милиони на разни работи, па затоа поседува неколку имоти ширум светот, како и многу други работи.
Саша поседува јахта која се наоѓа на хрватскиот брег, за чие одржување потроши вртоглава сума на пари.
Воопшто не жалам за пари за такви работи, сакам да имам скапи и добри автомобили. И јас знам да возам јахта и од таа причина ја купив – рече Поповиќ во една прилика.
Еден во низата автомобили на Саша е БМВ И8 кој го плати неверојатни 150.000 евра.
Поповиќ е сопственик на цел возен парк, па не е изненадувачки што секогаш го гледаме во различни автомобили.
Тој поседува и луксузен стан во Опатија вреден скоро половина милион евра.
Поповиќ издвои скоро 50.000 евра за часовник, што е огромна сума пари.
Саша Поповиќ, исто така, планира да изгради луксузен комплекс на Авала, каде што купи парцела.
Неговиот дом на Бежанијска Коса важи за еден од најскапите во Белград, на кој тој и неговата сопруга Сузана Јовановиќ го потрошија целото богатство.