Снаата на Цеца Ражнатовиќ, Богдана утринава се породи и на свет го донесе синот Жељко.
Родителите на Богдана, Даниел и Богдан одлучиле на првиот внук да подарат 10 000 евра, пишува ало.рс
Бабата и дедото ќе уплатат на сметка на внукот, а тој со тие пари ќе може да располага кога ќе биде полнолетен.
„Родиќ се познати по тоа што се многу вредни и чесни луѓе, соседите од Тител имаат само убави зборови за нив. Од утро до вечер се посветени на работата, секојдневено се занимаваат со фармата за пилиња и ги продаваат на пазар. Нивниот труд се исплати, па успеајаа да заработат пари кои паметно ги трошат. Кога Богдана остана бремена долго време размислуваа што да подарат на бебето. По разговор, одлучија дека пари е најдобар подарок“, вели добро известен извор.