Бојана Родиќ и Мирко Шијан, синот на Гоца Божиновска, наскоро ќе станат родители, а за приновата на овој пар проговори и мајката на Бојана, Даниела Родиќ.
Како што пишува „Информер“, Бојана ќе се породи во една приватна болница во центарот на Белград. Како што се наведува, породувањето на Бојана ќе чини 4000 евра, а е непознато дали Мирко ќе присуствува.
Парот планирал да се венча и пред Бојана да остане бремена, но поради пандемијата со коронавирусот морале да ја одложат свадбата.
„Требаше Мирко и Бојана да се венчаат, но поради короната се’ се промени. Најважно е дека таа добро ја поднесува бременоста и дека бебето е добро, дека убаво напредува. Сите сме среќни што ќе добиеме уште едно бебе, па свадбата ни е помалку важна. Бојана не е напорна трудница, а Мирко и угодува“, вели Даниела за „Информер“.
Данила изјави дека е презадоволна од изборот на своите ќерки, но и дека Гоца Божиновска и Цеца Ражнатовиќ се одлични сваќи.
„Имам прекрасни сваќи. Не можам да кажам која е подобра, не правам разлика меѓу нив. И Гоца и Цеца се супер. Мене ми е најважно тие да ги чуваат моите ќерки, исто како и нивните синови. Цеца сега нема настапи, а јас многу работам, па таа го чува Жељко. Сите се трудиме да помогнеме. Кога Богдана е кај нив, Цеца го чува бебето, а јас кога е кај нас. И Гоца ќе поминува повеќе време со внучето, бидејќи ќе живее кај нив. Но, сите сме тука да помогнеме: мојот сопруг, третата ќерка и јас“, откри Даниела.
Потсетуваме, другата ќерка на Даниела, Богдана Родиќ се омажи за синот на Цеца, Вељко Ражнатовиќ, а претходната година го добија синот Жељко.