Радио Милева бакшиш за машала

Еве колку чинеше свадбата, а колку заработија од неа Филип и Пријовиќ (ФОТО)

Еве колку чинеше свадбата, а колку заработија од неа Филип и Пријовиќ (ФОТО)

Новопечената брачна двојка ја круниса својата двогодишна врска со брак со гала забава во Белекспо центарот. За разлика од повеќето младенци кои од ковертите со пари  што ги добиваат не успеваат да ги покријат ниту трошоците за организирање на свадбата, Пријовиќ и Филип немаа такви маки. Таткото на младоженецот, Боба Живоиновиќ и неговата сопруга Лепа Брена ја финансираа во целост свадбата, која чинеше 400.000 евра, а сите пари што младенците ги добиле на подарок ќе се употребат за почеток на заедичкиот живот.

Според првите проценки по венчавката, Александра и Филип собрале околу половина милион евра, бидејќи повеќето гости како подарок им дале плик со пари.

Имајќи предвид дека на забавата имало околу 900 гости, младенците се во голем плус. Голем број колеги и пријатели од јавниот живот на семејството Живоиновиќ присуствуваа на свадбената забава, а многумина од нив се познати и како галантни личности.

Инаку, за Филип и Александра приходите биле на последно место,  дури и не се зборувало на оваа тема – вели извор близок до семејството Живоиновиќ и додава дека иако младенците инсистирале на Брена и Боба да им дадат дел од  парите, тие тоа категорички го одбиле.

To top