Ана Ѓуриќ Констракта ќе ја претставува Србија на Евровизија во Торино.
Таа сега откри колку чинел нејзиниот настап со кој ја освои победата.
Констракта откри дека нејзиниот настап ја чинел 300 динари или 150 денари.
-Среќна сум што на народот им се допадна евтин настап, лавор и неколку реквизити, изјави Ана и додада дека не потрошила многу пари на гардеробата.
-Да се разбереме, се што носим е купено во продавници „се за 300“. Понекогаш се случува да се појави нешто модерно, вели победничката.
Ана откри дека на сцената носела три прстени стари 100 години кои ги добила на подарок од свекрвата.
„Тие три престени ги носам на секој настап, подарок ми се од свекрвата, изјави Констракта.
Оваа година Евровизија 2022 ќе се одржи во Италија.
фото: принтскрин/јутуб