Неодамна започнаа снимањата на 6тата сезона на кулинарското шоу „Брза кујна“.
Иако во претходната сезона имаше промени, односно освен шефовите Марк и Никола, има и нови готвачи Бобан и Филип, оваа година „Брза кујна“ започнува во ново руво односно со нова водителка.
Имено, наместо Александра Илиевска оваа сезона во улога на водителка ќе ја гледаме Сања Савеска.
Илиевска за вистина.ком.мк ги откри причините поради кои повеќе не е дел од тимот, а како што истакна на пат е нешто најубаво што го очекувале со сопругот, односно принова во семејството.
https://arhiva.vistina.com.mk/lice-v-lice/aleksandra-ilievska-za-vistina-mk-gi-otkri-detalite-zoshto-vo-novata-sezona-ne-e-del-od-brza-kujna-na-pat-e-najubavoto-neshto-shto-go-posakuvame-so-soprugot/
Во ова нова продолжение Сања заедно со готвачите ќе подготвуваат многу нови специјалитети, а вие ќе може да се инспирирате и некои од нив да ги пробате во вашиот дом.
Инаку, Сања е познат телевизиски лик од утринската програма „Македонија денес“ на телевизија 24.
Таа во една прилика истакна дека станува во раните утрински часови и за да убаво и започне денот си пушта музика.
-Телевизијата е една магија, која штом ја почуствувате еднаш, тешко дека лесно ќе се откажете, ве обзема целосно, едноставно станувате зависни од адреналинот кој го носи оваа работа. Има навистина премногу предности кои едноставно ги засенуваат недостатоците, работејќи во ТВ секогаш сте помеѓу првите кои ги дознаваат информациите, можете секому да се јавите и да побарате интевју, ѕвездите кои до вчера ви изгледале далечни седат спроти вас и можете да ги прашате сè што сакате, редовно ве препознаваат на улица, па понекогаш може да добиете и нешто гратис на пазар. Како и секоја работа и оваа има стресни моменти, но тоа бргу мора да помине, затоа што гледачите сакаат и заслужуваат да ве гледаат насмеани, изјави Сања во една прилика за хаштаг.
Савеска исто така истакна дека повеќе слуша позитивни коментари за себе, а за негативните коментари вели дека сака да ги слушне и разгледува за да разбере зошто некој ја доживеал на таков начин затоа што секој има право на свое мислење.
Инаку, Сања има дипломирано на Политички студии, а како што вели нејзина детска желба биле театарот и филмот.
Од јавните личности, водителката најмногу ми се восхитува на најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ.
Инаку, и Александра откри што мисли за својата нова колешка:
„Неблагодарно е јас да давам мислење… времето и гледачите ќе го дадат својот суд. Од мене имаат голема поддршка, бидејќи колегијално и убаво е да си даваме поддршка со колегите од сите медиуми и да бидеме подобри во својата работа, изјави Александра за вистина.ком.мк
Летото Сања го прослави својот роденден и наполни 40 години.