Радио Милева палски кон целта

Еве која е новата девојка на Пике: Била фан на Шакира и се запознала со неа, а потоа и го украла мажот

Еве која е новата девојка на Пике: Била фан на Шакира и се запознала со неа, а потоа и го украла мажот

Пензионираниот фудбалер на Барселона, Жерар Пике, дополнителна слава стекна преку долгогодишната врска со колумбиската пејачка Шакира со која има два сина, а во последните неколку месеци е на удар на јавноста поради новата љубов.

Неговата нова врска со 24-годишната студентка Клара Чиа Марти не ги напушта насловните страници, а сега се зборува дека таа почнала да се претвора во копија на нејзината претходничка. Имено, откако ја осветли косата и го промени имиџот, многумина заклучија дека Клара прави се’ за да ја имитира супер популарната Шакира и дека и била голем обожавател пред врската со Пике.

Пике првпат беше поврзан со Клара слична на Шакира во август минатата година, два месеци откако беше објавено дека се разделил од пејачката.

Двајцата се познавале подолго време бидејќи работеле заедно во неговата продукциска куќа за настани Космос и така наводно започнала аферата. На првите заеднички фотографии на Пике и Клара, таа ја врза кафеавата коса наназад и беше без шминка на лицето, но само неколку месеци подоцна тие беа заедно на свадба за која Клара ја избели косата во нијанса слична на Шакира.

Иако порано изгледаше прилично скромно, нејзините најнови фотографии покажуваат дека сега има тим кој работи со неа за да се грижи за нејзиниот имиџ. Нејзината коса се повеќе и повеќе е беспрекорно исчешлана, а шминката изгледа како да е подготвена да оди на црвениот тепих.


Како што пишуваат странските медиуми, Клара била обожавателка на стилот на Шакира пред да влезе во врска со сега веќе бившиот партнер, а веќе е познато дека тие двете се познавале и претходно.

Магазинот „Семана“ објави дека Шакира повремено застанувала во компанијата „Космос“ во која работела Клара и таму се запознале. Клара дури ја замолила пејачката да се фотографираат заедно за спомен, кажувајќи и дека е љубител на нејзината музика и дека и се восхитува, а во тој момент веќе настанала искра меѓу Клара и Пике, пренесуваат хрватските медиуми.

фото:Instagram printskrin/Twitter

To top