По две полуфинални вечери и една финална вечер, Србија го одбра својот евровизиски претставник.
Констратка со песната „In corpora sano“ ќе ја претставува Србија на Евровизија во Торино.
Ана Ѓуриќ Констракта е дипломиран архитект, мајка на две деца, Лена и Никола.
Таа за мајчинството зборуваше во српските медиуми.
-Во досегашното искуство имаше ситуации во кои се прашував дали ова е нејзин/негов карактер или фаза? Дали погрешно реагирав, а да не ја разбрав нивната потреба? А тој страв дека се пренесува на децата, дека влијае на нивната самодоверба. Бидејќи децата не се сушества од друга планета. Работата е многу едноставна, само ако ја сфатиме сериозно и со почит нејзината потреба. Жал ми е за секоја ситуација во која преовладуваше мојот страв од потребата на моето дете, изјави Констракта во интерву пред неколку години.
Таа била член на групата „Земља Грува“ кој бил создаден во 2007 година.
Констракта по настапот на првата полуфинална вечер на Беовизија го привлече вниманието. Нејизината песна “In corpora sano“ стана прва во трендинг, а во обожувалниците не се ни појавуваше, а сега е меѓу фаворитите.
Нејзиното уметничко име е вистинска мистерија, во една прилика откри дека нејзиниот псевдоним во исто време значи рационално и емотивно во едно.
Стиховите „Која је тајна здраве косе Меган Маркл“ се хит на социјалните мрежи, а таа откри зошто се одлучила војвотката од Сасекс да ја спомне во песната.
-Се одлучив да ја спомнам Меган Маркл бидејќи весниците пишуваат дека има здрава коса. Да не се лажеме, има поубава коса и од Кејт Мидлтон. Кејт има убави шешири, а Меган коса, објасни пејачката, а пренесува курир.рс
фото: принтскрин/јутуб