Актерката Ема Корин ќе ја толкува улогата на принцезата Дијана во хит-серијата „Круната“ на „Нетфликс“, објави „Нетфликс“.
Корин рече дека е исклучително возбудена и почестена што ќе му се приклучи на актерскиот тим за четвртата сезона.
„Серијата ја следам од првата епизода, а помислата дека ќе се приклучам на неверојатно талентирана актерска екипа е речиси надреална“, рече таа.
View this post on Instagram
„Принцезата Дијана беше икона и нејзиното влијание врз светот сè уште е длабоко и поттикнувачко“, рече Корин.
Корин е брилијантен талент и веднаш нè освои кога му се приклучи на тимот како Дијана Спенсер“, рече авторот на серијата, Питер Морган.