Радио Милева „мачкина кашлица“

Еве кој популарен лик од серијата „Преспав“ не „го преспа“, туку го истрча „Скопскиот маратон“!

Еве кој популарен лик од серијата „Преспав“ не „го преспа“, туку го истрча „Скопскиот маратон“!

Скопскиот маратон дефинитивно станува една од поубавите работи што му се случуваат на Скопје. Со тек на годините тој станува една од најзначајните манифестации, едно од главните пбележја на македонската метропола, кое ги обединува сите: и мажи и жени, и наши и странци и млади и стари и познати и непознати… Убаво е кога човек ќе води маса од луѓе како трчаат низ улиците на главниот град, при тоа неоптоварени дали ќе победат, дали ќе освојат медал, дали ќе ја завршат трката…

Уште поубаво е кога меѓу илјадниците ќе забележите познати лица… И особено популарни во моментов. Од естрадата годинава речиси и да ги немаше… ако го исклучиме Петар Георгиевски –  Камиказа од групата „Меморија“, кој покрај тоа што е актер по вокација и музичар по хоби, е со години наназад  активен „маратонец“, кој последниве години трча на најпознатите европски и светски маратонски трки во големите градови низ светот.

Сепак едно лице, еден, на сите нам добро познат и многу популарен лик,  „им го обели образот“ на познатите, особено на оние од неговата фела – актерите.  Речиси сите македонски познати фаци „го преспаа“ Скопскиот маратон, но не и тој. Популарниот македонски актер Игор Ангелов покажа дека не знае само да глуми, туку и дека е и тоа како спортски активен.

Така, Коста од „Преспав“ како вистинско мажиште и без да го бодрат Ула и Јелена, откако стратуваше, успеа да стигне на целта со завидно време!

Но тоа не ниту случајно ниту туку така, од небо паднато… Зашто некои работи и да сакаш не можат да се одглумат, ако не си добро подготвен за нив.

А, на Игор ова не му е ниту прв пат ниту непознато, зашто како голем љубител на природата ја користи секоја можност и слободно време да ги минине токму во рекреација.

Планинарењето, возењето велосипед или трчањето се начин на живот… кој тој го живее!

Така што „Скопскиот маратон“ за него беше… „мачкина кашлица“!

To top