Секој работен ден на Сител телевизија имаме прилика да ја гледаме турската серија „Близнаци“.
Близнаците Мемо и Џан се едни од главните актери во серијата. Во серијата „Близнаци“ станува збор за двајца браќа кои се сретнуваат по 12 години.
Мемо живее во едно сиромашно преградие со неговата мајка Мелек и забавниот вујко Осман.
Деновите ги поминува собирајќи хартија по улица, продавајќи вода и чистејќи автомобили со цел да заработи пари.
Од друга страна, Џан живее во вила на неговиот богат дедо заедно со неговиот татко, бизнисменот Онур.
По 12 години, браќата Мемо и Џан повторно се сретнуваат и започнува откривање на семејните тајни.
Мемо и Џан со своите интересни улоги секојдневно донесуваат радост и весели моменти во домот на многу семејства.
Меѓутоа, дали знаете кој го синхронизира гласот на Мемо и Џан?
Станува збор за 12 годишниот Димитар Христовски, откривa „Jingle tv“.
Димитар одоговори на прашањето дали му е тешко да ги синхоринизра двајцата лика.
„Тоа зависи дали си добар во синхронизирање или не. За мене тоа е многу лесно“ вели тој.
Димитар објасни дека дома не се подготвува туку во студиото снима по цела епизода, па на крајот ако не е добра, повторно преснимува додека не го добие посакуваниот резлутат.
Целото интервју погледнете го видеото подолу.