Радио Милева

Еве кој е „осомничениот“ за голите фотографии на Северина, а и Игор Којиќ не остана имун

Еве кој е „осомничениот“ за голите фотографии на Северина, а и Игор Којиќ не остана имун

14 години по експлицитното видео на јахтата, сега се појавија нови голи фотографии од хрватската пејачка Северина Којиќ.

Откако фотографиите се најдоа во сите регионални медиуми, се огласи и портпаролот на пејачката кој вели дека фотографиите ги подметнува нејзиниот поранешен сопруг Милан Поповиќ кој засега е првиот сомнителен.

По многуте написи рамногушен не остана сегашниот сопруг на пејачката Игор Којиќ кој на својот Инстаграм профил напиша:

„Мили мои гледајте своето време да го поминувате со своите најмили во среќа, токму како на овие фотографии на кои монтажата и останатите техники не им можат ништо“, напиша Игор.

Сепак, веста не застанува тука. Сега, повторно се пишува дека една од фотографиите веќе се најде на профилот на Северина, која самата таа ја објавила во 2014 година, периодот кога се разведуваше.

На фотографијата во описот напишала „Bonjour, Paris“.

Каква ќе биде разврската, останува да видиме…

To top