Радио Милева
нова љубов?

Еве кој е Филип Милетиќ – продуцентот со кој наводно Северина е во врска

Еве кој е Филип Милетиќ – продуцентот со кој наводно Северина е во врска

Регионалните медиуми пишуваат дека по развод од Игор Којиќ, Северина повторно е заљубена и тоа во својот долгодишен соработник Филип Милетиќ.

Хрватската пејачка и композиторот ги покренаа шпекулациите дека се во врска со нивните се почести заеднички фотографии на социјалните мрежи.

Кој е Филип Милетиќ?

Северина и Филип започнаа соработка пред 10 години кога тој и ги направи песните „Бред Пит“; „Италиана“, „Узбуна“ и многу други. Тогаш тој беше во врска со пејачката Ана Бебиќ со која раскина, а се шпекулираше дека Северина е виновна за нивното раскинување, но двајцата ги демантираа овие пишувања.

Филип не се појавува многу во јавност. Тој е магистер по клавир.

Тој е композтирот на продуцентската куќа „FM Play“ од 2007 година кога заедно со својот соработник Милош Рагановиќ направија бум на естрадата со песната „Аспирин“ за Сека Алексиќ. Отогаш тој соработува со  многу познати од естрадата, а најпознатите се соработките со Северина.

Иако соработувал со многу познати, тој тврди дека најдобра му е соработката со Севе.

„Па најдобро соработувам со Севе. Кога станува збор за соработка, ние одлично функционираме. Таа верува во тоа што го правиме и сака да менува, а тоа е важно за еден пејач“ изјави неодамна Филип.

Потсетување, Игор и Северина се разведоа а пејачката ги потврди овие пишувања велејќи дека Игор бил одличен партнер.

фото: Инстаграм/северина којиќ

Останати вести од Радио Милева