Патот до успехот и славата воопшто не е лесен, а тоа најдобро го знаат одредени холивудски фаци кои не сакаат да се сеќаваат на своите почетоци.
Имено, некои познати актери пред да добијат улоги во високобуџетни филмови почнаа да работат во индустријата, а денес се големи имиња во светот на филмот. Подолу се имињата кои ја започнаа својата кариера во филмови за возрасни…
Мет Лебланк
Пред улогата на Џои во „Пријатели“ да му донесе слава, Мет Лебланк глумеше во популарната еротска серија „Red Shoe Diaries“. Во една од епизодите на серијата, неговиот лик ја заведува секретарката и има акција со неа во лифтот.
Камерон Дијаз
Камерон Дијаз на 19 години за прв пат се појави целосно гола во спотот наречен „She’s no angel“. Иако привлече внимание, таа очигледно сакаше нејзината кариера да оди во друга насока. Имено, таа го тужеше и го затвори креаторот на видеото кој ја уценуваше со него.
Џеки Чен
Во 1975 година, Џеки Чен имаше улога во по*но филмот „Сите во семејството“.
Дејвид Духовни
Пред улогата на агентот Молдер во серијата X-Files која го катапултираше до ѕвезда, Дејвид Духовни исто така беше дел од серијата „Red Shoe Diaries“.
Силвестер Сталоне
Силвестер се прослави со улогата на Роки, но ретко кој знае дека во младоста глумел во по*нографскиот филм „The Party at Kitty and Stud’s“. Сталоне рече дека тој практично бил бездомник во тоа време и дека бил принуден да го стори тоа поради бедата.
Хелен Мирен
Во 1979 година, Хелен Мирен глуми во филмот Калигула, римски еп кој на крајот беше забранет поради контроверзното сценарио. Повеќето луѓе кои го гледале филмот велат дека се работи за чиста порнографска содржина.
Арнолд Шварценегер
Шварценегер го направи својот пат од по*но ѕвезда до градоначалник. Арнолд во младоста заработувал како модел, а потполно гол позирал за геј магазинот „After Dark“ и глумел во филм за возрасни.
фото:Profimedia/Instagram