Радио Милева
наскоро

Еве кога ќе стартува шестата сезона на „Преспав“

Еве кога ќе стартува шестата сезона на „Преспав“

Неодамна започнаа снимањата на шестата сезона на серијата „Преспав“ која сруши рекорди на гледаност.

Имено, во 2020та година со 20-та епизода заврши петатта сезона на серијата, а фановите беа со очекување да започне шестото продолжение на серијата.

Преспавци неодамнаа се вратија во својот пансион и започнаа со снимањето на серијата.

На социјалните мрежи протекоа фотографии од сет и од снимањата зад камерите, па следбениците имаа прилика да видат како изгледа кога се снима најпопуларната македонска серија.

Официјално стартот на шестата сезона на „Преспав“ ќе започне да се емитува од 20 декември секој работен ден од 20:15 часот на МРТВ.

Инаку, Преспавци на крајот од последната 20-та епизода од петотто продолжение имаа незгода, односно пансионот се запали.

Идејата и концептот на „Преспав“ се на продуцентот на серијата Пеце Талески, а режијата е на Игор Иванов Изи, Вардан Тозија и Дина Дума. Сценаријата ги пишуваат: Елеонора Венинова, Сашо Кокаланов, Алек Попов и Делјана Манева од Бугарија и Александра Миланова.

Што се подготвува во шестата сезона останува да видиме.

фото: фејсбук/принтскрин/инстаграм/преспав

 

Останати вести од Радио Милева